Британскиот сервис Би-би-си објави дека во неделата започна нова потрага по фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон. Потрагата ја организира семејството на фудбалерот. Сретствата ги за потрагата се обезбедени од донации.
Официјалната полициска потрага по авионот кој исчезна над Ламанш траеше само три дена.
Би-би-си пишува дека во потрагата е вклучена агенција која е специјализирана за авионски потраги. Инаку, агенцијата со брод за подводни истраги ќе го бара авионот.
Истрагат ќе трае се додека авионот и неговите патници не бидат пронајдени.