Top Sport

Започнува Лигата на Нации, Македонија гостува кај Гибралтар

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на Нации. Во рамките на првото коло во Д-дивизијата, Македонија во Групата 4 ќе гостува кај Гибралтар.

„Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување“, изјави на прес конференцијата селекторот Игор Ангеловски.

За очекување е селекторот, против Гибрлатар да настапи со офанзивна формација, односно со тројца напаѓачи. Нападот ќе го предводи најискусниот Горан Пандев.

„Да, моето искуство е големо, но утре играме со репрезентација која не е многу позната. Во минатото можеби сме имале проблеми со ваков тип на селекции и затоа треба да влеземе многу сериозно. Играме на мал стадион со вештачка трева, но оваа генерација на македонски фудбалери е една од најдобрите во историјата. Фаворити сме и подготвувани за победа, изјави Пандев.

Натпреварот на стадионот „Викторија“ во Гибралтар ќе започне во 20:45 часот, а телевизискиот пренос е на спортскиот канал „Спортклуб 2“.

фото: ffm.mk

Scroll to Top