Top Sport

МКФ: Лигата ќе се игра со десет екипи

Новата сезона во кошаркарскиот шампионат ќе започне со десет екипи, соопшти Македонската кошаркарска федерација (МКФ), откако учеството во лигата не го пријавиле Шкупи и Водњански лисици.

Во првиот дел од лигата ќе се натпреваруваат сите тимови, а откако ќе се одиграат 18 кола, првите шест тима ќе играат Суперлига, а останатите ќе играат во лигата за опстанок.

Двете последно пласирани екипи од плеј-аут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок односно влез во Првата лига мажи за сезоната што следува односно 2019/2020. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи.

Scroll to Top