Top Sport

Започнува војната за богатството на Марадона

Борбата за наследството на Диего Марадона ќе биде како теле-новела, пишуваат аргентинските медиуми. Легендарниот фудбалер, почина во средата на 25.ноември, во својот дом во Тигре. Богатството на Марадона кое се протега од Венецуела и Куба, до Белорусија и Обединетите Арапски Емирати се проценува на 75 милиони долари.

Според порталот „Celebrity Net Worth“, Марадона во текот на животот заработил околу 500 милиони долари, меѓутоа најголем дел успеал да потроши. За она што останало ќе се борат 11 деца и осум жени.

Поради тоа медиумите пишуваат дека „теле-новелата околу богатството на Марадона започна и како стојат работите ќе потрае“.

Марадона од својот единствен брак и трите вонбрачни врски има пет деца, родени во перидот од 1986 до 2013 година. Овие деца тој ги признал како законски наследници.

Меѓутоа уште шест деца тврдат дека Марадона е нивни биолошки татко. Доколку судот им ги признае наследните права тога 11 деца ќе се борат за наследството.

Најголеми барања имаат ќерките од единствениот брак на Диего, Далма (34) и Џиана (31). Покрај нив Марадона ги признал за свои деца и Диего јуниор (34), Јана (25) и Диего Фернандо (7).

Scroll to Top