Top Sport

Шпанец местел мечеви – ИТУ му изрече осум годишна суспензија

Шпанскиот тенисер Енрике Лопес, местел мечеви во 2017 година, а денес доби осум годишна суспензија.

Единицата за интегритетот на тенисот (ИТУ), соопшти дека додека му трае суспензијата, Лопес, не смее да се натпреварува и да присуствува на официјалните турнири. Шпанецот е казнет и парично со 25.000 долари.

ИТУ, исто така, соопшти дека докажале дека тој наместил три меча, додека за останатите две обвинувања немале доволно докази. ИТУ не наведе за кои мечеви ги наместил Лопес.

Енрике Лопес има 29 години, што значи дека оваа казна го означува и крајот на неговата кариера. Најдобриот пласман во кариерата, Лопес го остварил во 2018 година, кога На АТП листата бил на 154 место.

Scroll to Top