Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржува од вечерва до понеделник во Германија. Покрај домаќинот, за трофејот ќе се борат Португалија, Франција и Шпанија.
Завршниот турнир ќе го отворат вечерва во Минхен, Германија и Португалија, утре во Штутгарт ќе играат Франција и Шпанија.
Натпреварот во Минхен ќе биде прво соочување на Германија и Португалија во Лигата на нации.
Домаќините за прв пат учествуваат во полуфиналето, додека Португалија се стреми кон својата втора титула откако го осови првото издание на турнирто.
Тимот на Јулијан Нагелсман се квалификуваше во полуфиналето по победата од 5:4 против Италија во четвртфиналето.
„Секогаш е добро да се играат домашни натпревари, како мини Европско првенство, како минатото лето. Мислам дека португалскиот тим претпочита да ја има топката во посед отколку да се брани, па затоа ќе се обидеме да ги натераме да се бранат повеќе. Ова е одлична можност, со поддршка на нашите навивачи, да одиграме добар натпревар“, вели селекторот на Германија, Нагелсман.
Последниот натпреварувачки натпревар на овие екипи беше во групната фаза на УЕФА ЕУРО 2020, кога Германија победи со 4:2, исто така на стадионот во Минхен.
„Нема поголем предизвик од играњето против Германија, едноставно поради тоа каков тим се тие. Мислам дека тренерот врши многу интересна работа со воведување јасни идеи што играчите ги имплементираат совршено, што е голема предност. А вториот предизвик е играњето против нив на нивен терен“, вели селекторот на Португалија Роберто Мартинез.
Можни состави:
Германија (4-2-3-1):
Тер Штеген – Кимих, Тах, Кох, Госенс – Горецка, Грос – Гнабри, Вирц, Сане – Волтемад
Португалија (4-3-3):
Диого Коста – Дало, Диас, Инасио, Мендеш – Витиња, Б. Фернандеш, Невес – Б. Силва, Роналдо, Леао