Од „отпадник“ во Манчестер јунајтед, до фудбалер за кој се заинтересирани најголемите европски клубови. Тоа е очигледно приказната на Џеси Лингард во 2021 година, откако угледниот „ЕСПН“ тврдат дека Пари Сен-Жермен, Интер и Реал Мадрид се меѓу клубовите кои се заинтересирани за Англичанецот.
Лингард е во неверојатна форма откако пристигна на позајмица во Вест хем во јануари, постигнувајќи 8 гола во 9 меча и тоа беше наградено со повторно повикување во англиската репрезентација.
Вест хем се заинтересирани да го заддржат Лингард постојано, но 28-годишниот Англичанец има уште една година од договорот со Јунајтед, кои би го сакале Деклан Рајс во „трампа“. Според „ЕСПН“, и големите европски клубови почнаа да го следат Лингард.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк