Top Sport

Засега, ниту скапите засилувања не му носат победа на Челси

Челси не успеа да го добие соседското лондонско дерби против Фулам, одигрувајќи само 0:0, и покрај тоа што во стартниот тим првпат го имаа најскапиот играч во историјата на Премиерлигата, Енцо Фернандез.

Со Аргентинецот како стартер покрај украинското засилување Михајло Мудрик во нападот, навивачите на „сините“ очекуваа крај на лошата низа на резултати и победа за враќање на самодовербата. Но, Фулам се покажа како цврст противник, и иако имаше помалку од поседот на топката (околу 60-40), ги имаше поконкретните шанси пред голот на Кепа Аризабалага во текот на целиот меч.

Во 71. минута Фернандез имаше прекрасен удар од далечина кој за малку беше непрецизен, а Челси имаше совршена шанса во 79. минута, кога уште едно ново засилување, Нони Мадуеке беше во совршена шанса да постигне гол, откако голманот Бернд Лено излета, но одбраната на Фулам успеа да реагира во последен момент.

Резултатот ги крева Челси на 9. место на табелата со 30 поени, еден поен пред Ливерпул, но девет поени од топ 4 пласман, додека Фулам сега се на 6. место со 32 поени.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top