Top Sport

Заштитни маски во боите на Хајдук (Фото)

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит во продажба пушти маски за заштита од вирусот ковид-19.

Во Хрватска се уште нема одлука кога ќе продолжи фудбалската сезона. Додека се чека на одлуката Хајдук подготви интересен производ за своите навивачи.

Станува збор за заштитни маски во боите на клубот. Маските се достапни во три дизајни. Цената на една маска изнесува 32 куни или околу 320 денари.

Scroll to Top