Top Sport

Застрашувачки старт на новата сезона за Баерн Минхен!

Баерн Минхен уште еднаш покажа дека е „крал“ на германската Бундеслига, откако на отварањето на новата сезона, на гости кај шампионите од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до застрашувачка 1:6 победа.

dobivaj vesti na viber

Фановите на Ајнтрахт, кои се подготвуваат за европскиот Суперкуп против Реал Мадрид, направија шоу на стартот на мечот со факли, поради кои се спушти густ чад на теренот, но кога започна акцијата, само Баварците беа на висина на задачата. Џошуа Кимих по само 5. минути игра со итро изведување на слободен удар донесе водство за гостите, за веќе во 11. минута, Бенжамин Павар да ја казни лошата реакција на одбраната за 0:2.

Тимот на Јулијан Нагелсман, како само да се загреваше, откако Садио Мане, скапото засилување од Ливерпул, во 28. минута да зголеми на 0:3, по што Томас Милер со две асистенции – до Џамал Мусијала во 38. минута и до Серж Гнабри во 43. минута да обезбеди 0:5 водство на полувреме.

Рандал Коло Муани во 64. минута даде надеж на домашните навивачи за малку отпор, пред во 83. минута, Мусијала со својот втор гол да ги постави конечните 1:6.

Scroll to Top