Top Sport

Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Шпанскиот суд изрече историска пресуда, осуди петмина навивачи на Ваљадолид за расистички навреди.

Во натпревар од Ла Лига одигран на 30 декември 2022 година, играчот на Реал, Винисиус, беше расистички навредуван од неколку навивачи на Ваљадолид додека го напушташе теренот за замена.

Шпанската јавност го следеше овој случај (како и за бројни други инциденти на други стадиони) се пишуваше со месеци, а во соработка меѓу полицијата и клубот, беа идентификувани злосторниците.

Во тоа помогна и фактот што на социјалните мрежи беше објавено видео, каде јасно може да се чуе што велат оние што го снимаат контроверзното видео или оние што се блиски до нив. Ова всушност овозможи да се идентификуваат петте осуденици.

Недолго по овој инцидент, Ваљадолид суспендираше 12 навивачи и им забрани влез на стадионот, а истрагата покажа дека петмина од нив се одговорни за расистичките навреди.

Истрагата и судењето траеја речиси две години, а за време на судењето обвинетите се изјаснија за виновни и изразија жалење за своите постапки.

Судот ја окарактеризира нивната акција како злосторство од омраза, а беше утврдено дека имале јасна намера да го навредат и понижат играчот на расна основа.

Секој од петте навивачи доби затворска казна од една година, парична казна од 1.620 евра и четиригодишна забрана за присуство на натпревари на кој било стадион во Шпанија.

Исто така, им е забрането да учествуваат во спортски, образовни и рекреативни активности за време на издржувањето на казната.

Винисиус имал право и на парична отштета, но се откажал од неа „бил задоволен што добил правда“.

Scroll to Top