Top Sport

Заврши чекањето – Роналдо со први два гола за Јуве! (видео) (ОБНОВЕНО)

Навивачите на Јувентус и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот го прекина постот и во четвртиот натпревар во Серија А го постигна својот прв гол, за водство на „старата дама“ против Сасуоло од 1:0.

Роналдо се најде на вистинското место во 51. минута од мечот, кога одбраната на Сасуоло реагираше несфатливо лошо, за само со лесен удар со глава да го совлада голманот Андреа Конзиљи. Како што велат, да се множат!

Португалецот не застана тука! Во 65. минута го постигна и вториот гол, овојпат порутински и потипичен за него.

Scroll to Top