Репрезентацијата на Перу до крајот на Копа Америка ќе биде без еден од најдобрите фудбалери Џеферсон Фарфан.
Играчот на Локомотив Москва го повредил коленото, а дополнителните прегледи покажале дека тој повеќе нема да игра за својата репрезентација на Копа Америка.
Перу ја мина првата фаза и во четврт-финалето ќе игра против репрезентацијата на Уругвај.
Фарфан (34) кариерата ја започнал во Алијанц од Лима, а во Европа играл за ПСВ Ајндховен и Шалке. Со Перу во 2015 година го освои третото место на Копа Америка.