Џек Грилиш (29) нема да патува со Манчестер сити на клупскиот Мундијал во САД. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека услугите на Грилиш нема да му бидат потребни на Светското клупско првенство.
Оваа одлука на Гвардиола е само потврда на шпекулациите дека Грилиш ќе го напушти клубот, во кој пристигна пред четири години од Астон Вила за 100 милиони фунти.
Грлиш во Сити дојде како еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, со статус репрезентативец на Англија, но не ја оправда инвестицијата. Претходната сезона беше стартер само седум пати, сезоната пред неа започне десет натпревари, остана и без местото во националниот тим.
Со одлука на менаџерот Гвардиола не беше во ростерот за финалето на ФА Купот, кое Сити го загуби од Кристал Палас. Оваа беше јасна порака за Грилиш да бара нов клуб.
Грилиш е свесен дека нема што повеќе да бара во Сити и е фокусиран на новите предизвици што го очекуваат сега. Според медиумите на островот, неколку клубови од Премиер лигата би сакале да го видат во своите редови.