Top Sport

Заврши премиерлигашката авантура – Шнајдерлин потпиша за Ница

Французинот Морган Шнајдерлин го комплетираше трансферот од Евертон во Ница за засега необјавена сума, потврдија двата клуба.

30-годишниот Шнајдерлин дојде на „Гудисон парк“ од Манчестер јунајтед во 2017, но и таму се мачеше да обезбеди место во првиот тим и имаше само 18 настапи оваа сезона пред во февруари да отиде на операција на коленото.

„Склучен е договор со Евертон за трансферот и тој ќе биде официјализиран кога ќе започне летниот преоден рок“, велат од Ница.

Тренер во Ница е поранешниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира, и тие прекинатата сезона ја завршија на петтото место и ќе играат во Лига Европа.

Scroll to Top