Top Sport

Заврши сезоната во Франција

Сезоната во француското првенство, Лига 1 нема да продолжи. Информацијата дека сезоната 2019/2020 е откажана ја пренесе новинарот на „Лекип“, Бертнар Латур.

Се уште не е познато дали ќе биде прогласен шампион и дали ќе има испаѓање од лигата.

Според информациите на новинарот сезоната 2020/2021 ќе започне во август.

Французите одиграа 28 кола на табелата убедлива предност има ПСЖ, 68 поени, зад „светците“ се Марсеј (56), Рен (50), Лил (49). На дното е Тулуз со 13 поени, Амиен има 23, а Ним 27.

Scroll to Top