Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левото колено, потврди клубот од северен Лондон.
Бентанкур постигна гол во поразот на Тотенхем од Лестер (4:1), но мораше да ја напушти играта во 65. минута.
„Можеме да потврдиме дека Родриго Бентанкур ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Тој ќе биде опериран пред да започне со рехабилитација. Сите сме со тебе, Родриго“, се вели во соопштението на Тотенхем.
Повредата на 25. годишниот Уругваец доаѓа во особено незгодно време за Тотенхем, кој веќе е без суспендираниот Пјер-Емил Хејбјерг и повредениот Иво Бисума пред првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, во вторник, против Милан на „Сан Сиро“ во Милано.
Тотенхем е петти во Премиер лигата со 39 бода, два помалку и натпревар повеќе од четвртопласираниот Њукасл.