Top Sport

Ристовски и Мишевски се вратија во Вардар

Ракометниот клуб Вардар ги потврди трансферите на голманот Борко Ристовски и левиот бек Марко Мишевски. Двајцата денес ќе го имаат и првиот тренинг со новите соиграчи. Ристовски и Мишевски во минатото веќе настапувале за Вардар. Тие ќе договориле соработка со клубот до крајот на сезоната.

Репрезентативниот голман Ристовски по шест години се враќа во Вардар и ќе го започне својот трет мандат во клубот. Претходно тој бил дел од црвено-црните од 2001 до 2003 и од 2010 до 2012 година. Со Вардар има освоено две титули во првенството и Купот на Македонија.

Мишевски по неколку месеци минати во Гренобл реши да се врати во Вардар. Левиот бек потекнува од школата на Вардар, лани беше дел од тимот што ја освои европската титула.

Scroll to Top