Top Sport

Заврши сезоната за Џошуа Зиркзе

Првотимецот на Манчестер jунајтед Џошуа Зиркзе поради повреда нема да игра до крајот на сезоната, објави менаџерот на англискиот клуб Рубен Аморим.

Џошуа Зиркзе ја повреди тетивата пред три дена на натпреварот од 32. коло на Премиер лигата против Њукасл (1:4).

„Зиркзе нема да игра до крајот на сезоната, сакаме да биде подготвен за следната. Не му е лесно“, рече Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Олимпик од Лион.

Зиркзе (23) сезонава одигра 48 натпревари и постигна седум гола за клубот од Манчестер.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед утре од 21:00 часот на „Олд Трафорд“ го пречекуваат Олимпик во реваншот од четвртфиналето на ЛЕ. На првиот натпревар одигран минатата недела во Лион заврши 2:2.

Scroll to Top