Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. 25-годишениот напаѓач, стрелец на 19 гола и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, го пропушта крајот на сезоната поради операција на слепо црево.
Клубот соопшти дека тој ќе биде опериран во текот на денот и нема да игра вечерва против Еспањол.
Исто така, Торес, ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал и Атлетик Билбао.
Феран Торес учествуваше со три асистенции во победата против Реал Мадрид (4:3), што ја донесе Барса на чекор до титулата.
Тој игра во добра форма во последно време, па од средината на февруари до средината на мај додаде шест гола и четири асистенции во првенството.