Лисандро Мартинез дефанзивецот на Манчестер јунајтед ја заврши сезоната. Аргентинецот во четвртокот против Севилја се здоби со фрактура на метатарзалната коска на стапалото.
Сепак, се очекува аргентинскиот дефанзивец навреме да закрепне целосно за да биде подготвен за стартот на следната сезона.
Мартинез се повреди во 86. минута од четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Севиља, кој заврши нерешено 2:2.
Голем проблем за Јунајтед е што на мечот со Севилја, само едно полувреме одигра Рафел Варан. И тој ќе биде надвор од тимот неколку недели.
Во одбраната тренерот Ерик тен Хаг сега ги има само Мегваер и Линделоф.
Маринез имаше одлична прва сезона во Јунајтед, забележа 45 настапи и му помогна на тимот да го освои Карабао Купот.
Во декември, Мартинез стана само петтиот играч на Јунајтед кој го освоил Светското првенство.