Манчестер Јунајтед најверојатно до крајот на сезоната ќе остане без еден од своите најстандардни фудбалери, левиот бек, Лук Шо.
Минатата недела Шо, со мала хируршка интервенција од ногата на фудбалерот биле извадени две завртки, поставени пред седум години, кога ја скрши ногата. Последните неколку дена Шо чувствувал силна болка, токму во делот од ногата од кој му беа извадени шрафовите.
Инаку, Шо за прв пат се почувствувал нелагодно на последниот репрезентативен собир. Болката станала уште посилна на натпреварот против Лестер, поради што беше заменет на полувремето.
Според „Телеграф“, закрепнувањето од операцијата ќе трае малку подолго од планираното, па Шо најверојатно ќе ги пропушти сите седум натпревари на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната.
Алекс Телес е единствената алтернатива на Шо на оваа позиција, па менаџерот Ралф Рангник е во прилично тешка ситуација.