Столбот на одбраната на Челси, Антонио Ридигер, поради повреда нема да игра за „сините“ до крајот на сезоната. Германскиот репрезентативец не го заврши неделното дерби со Манчестер Јунајтед (1:1), поради повредата на коленото тој го напушти теренот во второто полувреме.
Ридигер има проблем со менискусот на коленото, и според информациите од Челси, тој заминал во Рим, каде ќе му биде извршена операцијата.
Германецот сезоната има одиграно 44 натпревари за Челси во сите натпреварувања