Top Sport

Заврши сезоната за Томас Парти

Арсенал доживеа голем удар во своите амбиции да избори пласман во Лигата на шампионите. Покрај поразите на последните два натпревари, од Кристал Палас 0:3 и Брајтон 1:2, Арсенал до крајот на сезоната останаа без еден од најважните играчи, Томас Парти.

Репрезентативецот на Гана, против Кристал Палас го повредил бутниот мускул. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврдил дека сезоната за Парти е завршена.

Арсенал се петти во Премиер лигата, имаат меч помалку и три бода минус во однос на градскиот ривал Тотенхем.

Scroll to Top