Интер не го пријавија Хрватот Шиме Врсаљко за натпреварите кои клубот ќе ги игра во вториот дел од сезоната, во Арија А и Лига Европа. На неговото место влезе Седрик Соареш кој мината недела пристигна од Саутемптон.
Врсаљко, на почетокот на оваа сезона, во Интер пристигна како позајмен играч од Атлетико Мадрид, со опција да го откупи неговиот договор за 17,5 милиони евра.
Сепак Врсаљко не успеа да се наметне како долготрајно решение поради хроничната повреда на коленото, која ја влече уште од Светскоот првенство во Русија.
Според италијанските медиуми 27-годишниот играч ќе мора да замине на операција на повреденото колено, што значи дека ќе се врати во Мадрид. Интер сепак ќе мора да до крај да ја плати позајмицата.
Врсаљко има договор со Атлетико до јуни 2022 година, меѓутоа сигурно е дека ќе се обиде да го продаде во летниот преоден рок. Интерес за десниот бек покажува Наполи.