Top Sport

Завршува кошмарот за Серхио Рамос

Шпанскиот фудбалски интернационалец, Серхио Рамос конечно ќе се приклучи на тренинзите на тимот на ПСЖ и ќе конкурира за настап во лидерот на табелата во Лига 1.

Според информациите на француските медиуми, Рамос конечно стигна до точка на опоравување при што ќе може да почне со индивидуални тренинзи, а наскоро да дојде и неговото деби за парискиот клуб.

Рамос потпиша двегодишен договор со „Светците“ на почетокот на јули годинава. Тогаш лекарите на ПСЖ по петчасовни испитувања утврдија дека Шпанецот иако има 35 години, неговото тело е физички подготвено како 25-годишник.

Сепак, поради повреда на листот на левата нога, Рамос се уште не ги запишал првите минути во неговиот нов клуб.

Фудбалските портали сета таа ситуација ја опишуваат како кошмар за дефанзивецот, а повеќето од нив пишуваат дека ПСЖ погрешиле што го довеле во Париз.

Со 35 години и 22 трофеи со Реал Мадрид на речиси 900 професионални натпревари, Рамос доживува невиден пад на активностите затоа што во 2021 година има одиграно само 7 натпревари.

Последниот настап го имаше на 5. мај во полуфиналето во ЛШ против Челси.

Scroll to Top