Резервистот Симоне Заза е херојот на екипата на Торино во попладневниот заостанат меч од Серија А против тимот на Сасуоло.
Торино со гол постигнат во 92. минута славеше триумф од 3-2 и освои три многу важни бодови во битката за опстанок во најквалитетното италијанско друштво.
А резултатот на мечот не се движеше во прилог на домашната екипа.
Фудбалерот на Сасуоло, Берарди со погодоците во 6. и 38. минута донесе комотна предност за гостите.
Во второто полувреме, во 77 минута нововлезениот Заза намали на 1-2.
Десет минути подоцна Мандрагора погоди за 2-2, а со вториот гол на Симоне Заза во судиското надополнување, Торино стигна до триумф.
Со овие три бода, Торино собра 23 и е една позиција над обележаната зона која носи преселба во Серија Б.
Сасуоло останува на осмата позиција со 39 бода.