Тотенхем синоќа се разделија со Маурисио Покетино, а утрово објавија дека нов тренер е Жозе Мурињо. Португалецот и се враќа на тренерската работа по пауза од речиси една година. Лано во декември тој доби отказ во Манчестер Јунајтед.
Мурињо, во периодот кога беше без работа се поврзуваше со неколку клубови, меѓу другите и со Реал Мадрид и Баерн Минхен. На крајот тој решил да остане во Премиер лигата на големо големо задоволство на фудбалерите на Реал.
Весникот „Спорт“ пишува кај играчите на Реал постоел страв од можното враќање на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“.
Флорентино Перез е голем обожавател на Мурињо, меѓутоа најголем дел од фудбалерите предводени од капитенот Серхио Рамос во минатото јасно покажувале дека не го сакаат него за тренер.