Македонија одигра натпревар без голови, во Даблин, против Републиука Ирска. Ова беше натпревар на селекции кои доживеаја порази во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство.
Слично како и во Данска, пред пет дена, Македонија одигра лош натпревар, без вистинска шанса и со само три удари кон противничкиот гол.
Домаќините, го диктираа ритамот, ја посакуваа победата, но ниту еден од 15-те обиди не заврши во голот на Димитиревски.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
