Виљареал и Реал Мадрид одиграа 1:1 (0:1), во еден од дерби натпреварите, во 10.коло, во Ла Лига.
Реал, со „крпен“ тим успеа да остане непоразен кај тимот кој оваа сезона игра во одлична форма.
На самиот старт од натпреварот, изнуденото решение на Зинедин Зидан во шпицот на нападот, Маријано Дијаз, успеа да го матира Серхио Асенхо.
Голот на Дијаз беше единствениот удар во рамките на двата гола во првото полувреме.
Во вториот дел исто така имаше само еден обид во рамките на голот. Тибо Куртоа направи пенал, кој во гол во 76.минута го претвори Џерард Морено.