Top Sport

Драма во Лондон, Тим преку Ѓоковиќ избори пласман во финалето

Доминик Тим, во епски меч, по три часа борба, го победи Новак Ѓоковиќ во полу-финалето на Завршниот мастерс во Лондон. Австриецот славеше со 7/5, 6/7, 7/6.

Тим во полу-финалето ја забележа 300 победа во кариерата. До неа можеше да стигне и порано, но во тај-брејкот во вториот сет не искористи четири меч топки. Тим, во тај-брејкот на третиот сет, успеа минусот од 1/4 да го претвори во победа.

Инаку, тај-брејкот во решавачкиот сет имаше ист тек како и во минатата година. И тогаш Ѓоковиќ водеше со 4/1, а на крајот Тим славеше 7/5.

Дуелот мина во знакот на сервисите на двајцата тенисери, за што најдобр зборува податокот дека во целиот меч Тим имаше две топки за брејк, искористи една во 11 гем од првиот сет, додека Ѓоковиќ своите три брејк топки не успеа да ги искористи во вториот сет.

Тим во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Рафаел Надал.

AnimeDao animedao haikyuu to the top: Watch Bleach (Dub) Episode 248 (https://animedao.nl/m/VX10/ep-248)

KissAnime kissanime your name: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 11

Scroll to Top