Денес во Босна и Херцеговина бил уапсен Здарвко Мамиќ, поранешен челник на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб.
Мамиќ, минатата недела, судот во Осиек, поради финансиски малверзации, му изрече на Мамиќ шест и пол годишна затворска казна.
Поранешниот прв човек на Динамо, пресудата ја дозна во Меѓугорје, Босна и Херцеговина, поради што судот издаде меѓународна потерница.
Адвокатот на Мамиќ, Вељко Миљевиќ, рекол дека мамиќ бил повикан на информативен разговор, односно дека според процедурата правосудните органи на БиХ треба да утврдат дали тој поседува и државјанство на БиХ, по што тој треба да се изјасни дали сака да бид еекстрадиран во Хрватска.
Мамиќ, веднаш по изрекувањето на пресудата на медиумите им изјавил дека процесот против него е наместен и дека во иднина има намера да остане да живее во Меѓугорје.