Контроверзниот хрватски бизнисмен Здравко Мамиќ, кој е во бегство од правосудниот ситем во Хрватска и живее во Босна и Херцеговина, објави дека се збогува од фудбалот.
„Преку ова интервју се простувам од Динамо и хрватскиот фудбал. Да не беше смртта на Ќиро Блажевиќ, веќе ќе одржав прес-конференција и официјално ќе се поздравев. Во емотивна смисла, никогаш нема да се откажам. на Динамо тоа е мојот живот, но што се однесува до мојата работа и учество во какво било управување, тоа е апсолутно минато“, изјави Мамиќ за „Глас Српске“.
За време на неговиот престој во клубот, Динамо стана синоним за одлично работење, бидејќи клубот заработи многу пари од продажба на фудбалери. Но, значителен дел од парите „исчезнале“, поради што „газадата“, на хрватскиот фудбал е осуден на шест и пол години затвор за проневера на 15,5 милиони евра.
„Динамо е минато, никогаш повеќе нема да бидам вклучен и да работам во клубот. Нема повеќе да се занимавам, не со Динамо, туку со фудбалот воопшто. Ќе бидам само обичен навивач. Јас сум во есента на мојот живот, смртта на Ќиро ме потресе најмногу во животот. Некои работи што не ги разбирав баш до сега, по смртта на Ќиро, мислам дека сега ги разбрав и моето збогување со фудбалот е конечно“, изјави Мамиќ.
Во претходниот период тој водеше борба за превласт во Динамо, но се чини дека ја загуби битката.
Десетте најголеми трансфери на Здравко Мамиќ:
1. Марко Пјаца (Јувентус) 29,4 милиони евра
2. Дани Олмо (Лајпциг) 29
3. Лука Модриќ (Тотенхем) 22,5
4. Јошко Гвардиол (Лајпциг) 18.8
5. Филип Бенковиќ (Лестер) 14,5
6. Марко Рог (Наполи) 13.57
7. Едуардо (Арсенал) 13,5
8. Ведран Чорлука (М. Сити) 13
9. Ловро Мајер (Рен) 12
10. Матео Ковачиќ (Интер) 11
10. Дарио Шимиќ (Интер) 11