Торино и Аталанта одиграа 1:1 во 15. коло од Серија А, во меч во кој тимот од Италија оддаде почит на бразилскиот клуб Шапокоенсе една година по трагичната авионска несреќа играјќи со зелени дресови.
Пред мечот, претставниците на бразилскиот клуб се сретнаа со претседателот на Торино, Урбино Каиро, и со Алдаир на церемонија во чест на Шапе.
„Биковите“ од Торино поведоа во финишот на полувремето, кога Н’Кулу доби добра топка од Љаиќ, но во 54. минута Иличиќ донезе израмнување за Аталанта. Двата тима имаат идентичен број на поени оваа сезона (20).
Торино до Шапекоенсе: Обединети со судбината, пријатели засекогаш