Top Sport

Зеленортските острови први одговорија на инцијативата на ФИФА

Националниот стадион на Зеленортските острови ќе го носи името на фудбалската легенда Пеле, кој почина пред неколку дена на 83. годишна возраст.

Арената со 15.000 седишта, која досега се викаше „Национален стадион Капо Верде“, ќе се преименува во „Стадион Пеле“.

Зеленортските острови стана првата држава која одговори на повикот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барем еден стадион во секој земја во светот да го носи името на „Кралот на фудбалот“.

„Зеленортските острови и Бразил имаат историја и култура кои одат рака под рака, имајќи на ум дека ние сме сестрински земји поврзани со јазик и сличен идентитет. Со цел да му оддадеме чест на Пеле, човекот кој не направи сите поголеми, решивме да го преименуваме нашиот национален стадион“, изјави премиерот на таа земја, Улисес Кореира.

Scroll to Top