Поранешниот тренер на Рома и Лацио, Зденек Земан не е импресиониран од растот на женскиот фудбал во Италија, откако во интервју за „Тутомеркато“ изјави дека жените треба да останат во кујна.
„Се надевам дека женскиот фудбал ќе расте, иако имаме доволно проблеми и во машкиот фудбал кои треба да се поправат. Покрај тоа, жените во Италија секогаш сакале да останат во кујната. Не знам дали тоа е лошо или добро, но мажите треба нешто да јадат“, вели Земан.
Тој беше еден од првите тренери кои тврдеше дека Јувентус е фаворизиран од судиите пред Калчополи скандалот во 2006, но сега во последните контроверзи од италијанскиот фудбал, вели дека Јувентус ги заслужиле двата пенали со Фиорентина.
„Го гледав мечот и двата пенали беа исправни. Судиите и ВАР ги разгледуваа снимките и решија дека има пенал. Во минатото имаше многу полоши работи“, додава Земан.