Борусија Дортмунд, во летниот преоден рок, најверојатно ќе остане без Ерлинг Халанд. За Норвежанецот кој на 49 натпревари има постигнато исто толку голови, интерес покажуваат финансиски најмоќните клубови.
Големите клубови, не сакаат да ја чекаат 2022 година, кога Халанд може да замине за 70 милиони евра.
Клубовите од Манчестер, Челси и Реал Мадрид, најчесто се поврзуваат со Халанд.
Сепак, Борусија, нема така лесно да се откаже од својот најдобар играч. ЕСПН тврди дека „милионерите“, ова лето ќе бараат 180 милиони евра како обесштетување.
Овој извор пренесува дека со овој потег, Борусија сака да биде во „вин-вин“ ситуација. Ако добијат 180 милиони евра за Халанд тоа ќе биде одлично, доколку тој остане уште една година во клубот повторно ќе бидат задоволни.