Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона, добил астрономска понуда од Манчестер сити. Британските медиуми тврдат, дека „граѓаните“ му понудиле договор на пет години и бруто плата од 496 милиони евра.
Манчестер сити се подготвени му плаќаат на еден од најдобрите играчи во историјата, речиси 100 милиони евра по сезона.
Планот на Сити е едноставен, две или три од тие пет години тој би играл на „Етихад“, а потоа би се преселил во братскиот клуб, Њујорк сити. По завршувањето на договорот, тој би станал амбасадор на клубот.