Top Sport

„Земјата 75 отсто е покриена со вода, останатото го покрива Ван Дајк“

Ко-сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри, шеговито го опишал влијанието што го има во играта на „црвените“, Вирџил ван Дајк.

Холандскиот репрезентативец, блескаше синоќа во Минхен, постигна еден гол во победата на Ливерпул над Баерн 3:1.

„Земјата 75 отсто е покриена до вода, останатите 25 отсто ги покрива Вирџил ван Дајк“, напишал на „Твитер“, Хенри.

Комплименти за она што го прави дефанзивецот, за кого Ливерпул платија 80 милиони евра, подели и тренерот Јирген Клоп.

„Книга може да се напише за квалитетите на Ван Дајк, за неговата сила, за тоа колку го сакам. Тој е фантастична особа. Воедно е и млад, но искусен, одличен фудбалер“, рекол Клоп.

Scroll to Top