Top Sport

Зенит ги трошат парите од трансферот на Паредес

Преодниот рок кој синоќа заврши во најголемиот дел од европа, се уште трае во Русија. Во петокот Зенит од Санкт Петербург потпишал договори со двајца играчи Сердар Азмун и Вилмар Бариос.

Зенит започна да ги троши парите заработени од трансферот на Леандро Паредес во Пари Сен Жермен. Рускиот тим од продажбата на Аргентинецот инкасира 47 милиони евра.

Колумбиецот Бариос во Русија пристигна од Аргентина, од Бока Јуниорс. Од трансферот Бока Јуниорс инкасирале 15 милиони евра.

Азмун или како што нарекуваат „иранскиот Меси“, во Зенит пристигна од Рубин Казањ. На Иранецот претходно му пропадна трансферот во Вулверхемптон. За неговиот трансфер клубот издвои 12 милиони евра.

Scroll to Top