Фудбалерите на Зенит ја освоија дуплата круна во Русија откако во финалето на Купот минимално го совладаа Химки (1:0).
Фаворитот потешко од очекувањата успеа да стигне до целта. Играчите на Зенит упатија 14 удари кон голот на противникот меѓутоа Иља Латаров (шест одбрани) капитулираше дури во финишот на мечот.
Поранешниот играч на Барселона Малком во 84 минута избори пенал, а сигурен реализатор беше Артем Дзјуба.
84 – ГООООООООЛ! АРРРРРРТЕМ ДЗЮЮЮЮБА!#ЗенитХимки pic.twitter.com/BjeOrQXZ4p
— ФК «Зенит» ✨ (@zenit_spb) July 25, 2020
Зенит ја освои втората титула во Купот, првата во клупските витрини влезе во сезоната 2015/2016.
Победата на Зенит во Купот значи дека Динамо Москва од шестата позиција ќе игра во Лига Европа.
#КубокНаш #ЗолотойДубль pic.twitter.com/9Re5lD7kiw
— ФК «Зенит» ✨ (@zenit_spb) July 25, 2020