Top Sport

Тибодо се договорил со Њујорк Никс

Тим Тибодо ќе потпише пет годишен договор со Њујорк Никс, објави новинарот Адријан Вијнаровски. Искусниот тренер ќе има задача да го врати тимот она каде што не бил долго време, во врвот на Источната конференција.

Тибодо најголемите успеси во кариерата ги постигна како тренер на Чикаго Булс. На чело на ова франшиза тој беше во периодот од 2010 до 2015 година. Во 2011 година беше прогласен за тренер на годината во НБА лигата.

Потоа се пресели во Минесота Тимбервулвс откаде замина во 2019 година.

Тим Тибодо има шампионски прстен со Бостон Селтикс во 2008 година кога му беше помошник на Док Риверс.

Scroll to Top