Top Sport

Згодната пливачка Федерика Пелегрини го покани Роналдо на вечера (галерија)

Федерика Пелегрини, една од најдобрите пливачки во историјата на Италија, која покрај со своите резултати плени и со својата убавина призна дека би сакала да го покани Кристијано Роналдо на вечера, и покрај тоа што тој има свршеница и пет деца

„Кој ми е сонот? Јас и Кристијано Роналдо на една вечера. Би сакала тоа да се оствари, но без заден план, бидејќи тој е свршен“, вели Пелегрини, позната навивачка на Јувентус.

Пелегрини, која неодамна призна дека размислува дали да ја продолжи својата пливачка кариера, есенва ја чека нова задача, таа ќе биде во жирито на „Италија има талент“.

Scroll to Top