Top Sport

По бизарниот црвен картон Спалети признава: Интер живее на работ!

Лучано Спалети демантираше дека ги навредувал судиите при драматичната 1:0 победа над Сампдорија додавајќи дека Интер мора да „живее на работ“.

Во текот на мечот имаше три поништени голови – два за Интер, еден за домаќините, пред Марцело Брозовиќ во 94. минута да донесе победа за „нераѕурите“. Спалети по ова врескаше кон камерите и потоа доби црвен картон.

„Се свртев кон ТВ камерата да врескам гол, и четвртиот судија ми кажа дека сум претерал. Ова беше важен гол, но беше протолкуван како преемотивна реакција“, вели Спалети.

Ова беше втора драматична победа во една недела за Интер, откако во Лигата на шампионите тие се вратија од 1:0 негатива за 2:1 победа над Тотенхем.

„Начинот на кој победуваме го покажува карактерот на овој тим, кој се бори за секоја топка и останува во мечот. Тоа значи ризикување, но ние сме Интер и мораме да живееме на работ за да стигнеме до победа. Таа страст ми дава сила да одиме напред, а тактиката ќе дојде потоа“, додава Спалети.

Брозовиќ му донесе победа на Интер на „Луиџи Ферарис“ (Видео)

Scroll to Top