Top Sport

Зголемен наградниот фонд на КАН

Победникот на Африканскиот куп на нации (КАН) во 2024 година ќе добие рекордна парична награда од седум милиони долари, соопшти денеска Африканската фудбалска конфедерација (КАФ).

За споредба, во 2022 година, победникот Сенегал доби четири ммилиони долари.

Второпласираната селекција ќе добие четири милиони долари, додека третата и четвртата на турнирот ќе заработат по 2,5 милиони долари.

На Африканскиот куп на нации ќе учествуваат 24 земји.

Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.

Scroll to Top