Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, уште еднаш го коментирал трансферот на „Ванда Метрополитано“. Уругваецот рекол дека му е жал за неговите пријатели во Барселона.
„Дали ѝ недостигам на Барселона? Не, тие имаат свои планови“, рекол Суарез и продолжил.
„Морав да прфатам дека повеќе не им требам. Секој може да си донесе свој заклучок. Жал ми е што моите пријатели таму се во неволја“.
Суарез рекол дека не почуватвувал дека не го почитувале на „Ноу Камп“ поради начинот на кој што заминал од Барселона.
„Само бев тажен. Но горд сум што најдов место каде што сметаат дека ќе им бидам потребен“.