Top Sport

Жанг за заминувањето на Конте: Морав да мислам на приоритетите на Интер

Претседателот на Интер, Стивен Жанг вели дека морал да се помири дека Антонио Конте ќе си замине од клубот бидејќи мислел на „стабилноста“ на клубот пред новата сезона.

Жанг во долго интервју за „Ла газате дело спорт“, објаснува дека финансиската ситуација во фудбалскиот свет е загрижувачка. Конте си замина од Интер една недела откако го крена скудетото и беше заменет со Симоне Инзаги од Лацио.

„КОВИД предизвика огромни финансиски тешкотии во 2019/20 и загубите кај европските клубови се над 2 милијарди евра. Од првиот момент кога го презедовме Интер, знаевме дека Конте ќе биде најдобриот тренер за проектот и по две години убедување го донесовме во Милано. Останувам на мислењето дека тој е шампионски тренер и затоа му дадовме доверба последните две сезони. Но, сега трошоците од пандемијата се толку големи што мора да мислиме на намалување на трошоците. Имавме различни погледи на актуелната ситуација – тоа што беше клучно за него, не беше за клубот и обратно. Конте е врвен тренер, но како претседател морам да внимавам на стабилноста на клубот“, објаснува Жанг.

Scroll to Top