Top Sport

Дубоа го „реши“ Дину во две рунди

Британскиот тешкаш Даниел Дубоа се врати по првиот пораз во кариерата со доминантен нокаут во втората рунда над Романецот Богдан Дину за да ја освои ВБА „преодната“ титула во тешка категорија.

23-годишниот Дубоа во ноември минатата година доживеа шокантен пораз од сонародникот Џо Џојс, во кој доби скршеница на очната празнина, но се врати со нов тренер (Шејн Мекгајган) за да го декласира искусниот Дину (20-3, 16 КО) од почеток до крај.

Со победата, Дубоа (16-1, 15 КО) си ги зголеми шансите за римеч со Џојс, но и предизвикувач на „регуларниот“ шампион Тревор Брајан.

Scroll to Top