Top Sport

Ждрепката за Лигата на нации на 16. декември – Македонија во вториот шешир

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека ждрепката за третото издание на Лигата на нации, ќе биде извршено на 16.декември. Во овој трет циклус, Македонија, ќе се натпреварува во Ц-дивизијата.

Македонија, ждрепката, ќе ја чека од вториот шешир, заедно со Грција, Белорусија и Луксембург. Овие три репрезентации сигурно нема да им бидат противници на македонските репрезентативци во Лигата на нации.

Шешир 1: Турција, Словачка, Бугарија, Северна Ирска
Шешир 2: Грција, Белорусија, Луксембург, Македонија
Шешир 3: Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово
Шешир 4: Фарски острови, Гибралтар и две репрезентации од плеј-офот во кој ќе играат Казахстан, Кипар, Естонија и Молдавија

Натпреварите во Лигата на нации ќе бидат одиграни во два термини, во јуни и септември. Лигата ќе започне на 2.јуни, во тој прв циклус ќе се одиграта четири кола, а во вториот, септемвриски циклус, на програмата ќе бидат последните две кола.

Победниците на групите во најсилната А-дивизија, во јуни 2023 година, ќе играат на завршниот турнир во Лигата на нации. Последно пласираните репрезентации во дивизиите А и Б ќе се преселат еден ранг подолу. Додека победниците на групите во дивизиите Б, Ц и Д ќе напредуваат една дивизија погоре.

Последно пласираните репрезентации во Ц-дивизијата ќе играат бараж за опстанок. Поразените во овие баражи ќе се преселат во Д-дивизијата.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top