Синоќа заврши фазата по групи во Лигата на шампионите. Шеснаесет екипи ќе продолжат во нокаут-фазата, а осмина-финалните двојки ќе бидат извлечени во понеделник.
Пред ждрепката некои работи се познати. Во повластена положба ќе бидат победниците на групите, тие реваншите ќе ги играат пред своите навивачи.
Исто така во осмина-финалето не можат да играат тимови од исти држави, како и тимови кои биле во иста група.
Прва пат во Лигата на шампионите во осмина-финалето има само екипи од петте најсилни национални првенства во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција).
Во првиот „шешир“ ќе бидат ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, Барселона, Ливерпул, Лајпциг и Валенсија.
Во вториот „шешир“ се: Реал Мадрид, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Наполи, Лион и Челси.
Првите осмина-финални натпревари ќе се играат на 18 и 19, односно на 25 и 26 февруари 2020 година. Реваншите ќе бидат на програмата на 10 и 11, односно на 17 и 18 март 2020 година.
На 20 март 2020 ќе биде извршена ждрепката за четврт-финалето и полу-финалето.
Четврт-финалните натпревари на програмата ќе бидат на 7 и 8 април, а реваншите на 14 и 15 април наредната година. Полу-финалните дуели ќе се играат на 28 и 29 април, а реваншите на 5 и 6 мај наредната година.
Финалето е се игра на 30 мај.